Како се пребарува на Интернет?

 

Пребарувањето на англиски јазик не е во доменот на нашиот интерес, па затоа ќе се фокусираме на тоа како да го најдете производот/услугата или било која информација само во Македонија и тоа само преку Гугл.

Најчеста грешка (колку и да изгледа тоа очигледно) е што многумина пребаруваат на латиница. На Интернет не постојат македонски вебсајтови со латиничен текст, како што не постои ни македонска латиница. Затоа, ако сакате да најдете она што ви треба - секогаш пребарувајте на кирилица. Нема разлика дали користите голема или мала буква, еднина или множина.

Бидете конкретни и пребарувајте пишувајќи цели реченици. Со тоа се добиваат поконкретни резултати. На пример 'детска школа за пливање во скопје' наместо 'школа за пливање'. Овака пребарувачот ќе ви ги прикаже сите вебсајтови кои ги содржат сите тие зборови, но немора да се во иста таква реченица. Ако сакате да ви бидат прикажани резултати само во формат на таква реченица, ставете ја во наводници (" "). Овака: "детска школа за пливање"

За да ви се прикажат ЕДИНСТВЕНО резултати кои содржат одреден збор пред него ставете плус (+). Обратно, за да се прикажат резултати во кои ГО НЕМА зборот - ставете минус (-). Супер функционално!

Функционираат и сите можни комбинации од овие , но тоа ќе го дознаете со користење и тестирање што функционира а што не.

 

Како да ве најдат на Интернет?


Морам да започнам со констатацијата дека во Македонија ситуацијата е единствена, по малку и чудна. Има многу повеќе луѓе кои бараат услуга/производ на Интернет, одколку што ги има оние кои можат да се најдат. Луѓето се со пари во рака, нема кој да им ги земе!!! Но тоа малку по малку се менува и состојбата е слична на онаа во Америка во времето на колонизацијата, кој прв дојде - најмногу ќе зграби!

Во моментов не е битно дали некој поседува најскап вебсајт во Македонија или бесплатен, важно е дали може да биде најден на Гугл. Бидејќи НАЈВРЕДНОТО нешто на вебсајтот е ЗБОРОТ! Дали тоа ќе го направите на некој блог, фејсбук или бесплатен вебсајт е небитно, а може да биде побитно од некој вебсајт од 3000 евра на кој има секакви можни скапи работи, но да го нема ЗБОРОТ.

Најчеста грешка (и најкобна финансиски) е што на власниците на вебсајт приоритет им е изгледот. Изгледот е важен, но ако никој не ве најде на Интернет - нема ни кој да ви се диви на чудото што сте го направиле!

Како што во заглавието 'Како се пребарува на Интернет?', се пребарува само по зборови, така и вам приоритет треба да ви е да ги имате СИТЕ, да повторам, СИТЕ можни зборови по кој ќе ве најдат оние на кои им е нужна вашата услуга или производ. 

Многу е важно да го ставите името на регионот во кој работите. Не заборавајте во вебстранта 'контакт' да ја има вашата земна адреса. Тоа ќе ве оддели за оние кои бараат услуга/производ во одреден град или држава, бидејќи кирилица користат многу држави во светот и многу зборови се исти со македонскиот.